Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ефтов: Мицкоски ги има карактеристиките да биде полоша мешавина од Георгиевски и Груевски, да се постави над државата

„Христијан Мицкоски располага со сите психолошки карактеристики да биде полоша мешавина, молотов коктел, на Љубчо Георгиевски во делот на парите и Никола Груевски во делот на психолошкото изживување со македонскиот народ“ рече новинарот Васко Ефтов во неговата емисија „Во центар“.

Тој додаде дека Мицкоски со своите постапки во изминатите две-три години покажува дека се доживува оти е над државата

„Вежба во услови на корона, пие во кафана во услови на корона, не почитува закони и ништо од државата. Тоа е психолошка порака дека кога тој ќе дојде на власт ќе биде посилен од државата“ рече Ефтов.

Тој додаде дека политичката траекторија на Мицкоски ќе ги следи и траекториите на Георгиевски и Груевски и дека неславно ќе заврши.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА НИ ИЗГОРЕ, ПЛАМЕНИТЕ ЈАЗИЦИ НИКАКО ДА ЗАПРАТ: Нови пожари во земјава, 7 активни огнени линии, најмногу во Прилеп и Малешевијата

ДЕСК

Герасимовски: Креативна детска авантура вечерва во Капиштец, уште едно издание на „На одмор сум, во Центар сум“!

ДЕСК

Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, лишено од слобода едно лице

ДЕСК