Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедијата: Познат идентитетот на загинатиот кумановец, пожар од нива се проширил и ја зафатил неговата куќа

Во СВР Куманово вчера во попладневните часови било пријавено дека во местото викано Стара Воденица, Кумановско, настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќа во која живеел Д.К. (54).

По некое време од пожарот била зафатена и куќата, а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат.

Од екипа на итната медицинска помош констатирана била смрт. За настанот известен бил јавен обвинител кој дал наредба телото на починатиот да биде предадено на семејството.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК