Украинскиот министер за надворешни работи објави на Твитер фотографија од разурнатиот Мариупол, со фокус на театарот уништен во рускиот напад.
Заедно со фотографијата напиша: „Ова се урнатините на драмскиот театар во Мариупол, каде се криеја стотици цивили. Нехумано руско воено злосторство“.
– Сакам да ги прашам мултинационални компании кои сè уште работат со Русија или во Русија: Како можете да работите со нив? Како можете да ги храните, да им служите и да им плаќате на оние што го направиле ова, праша Дмитро Кулеба.
These are the ruins of the Drama Theater in Mariupol, where hundreds of civilians hid. Inhuman Russian war crime. I want to ask multinational companies still working with or in Russia: how can you keep doing business with them? How can you feed, serve, and pay those who did this? pic.twitter.com/TCt9EzhKtU
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 19, 2022
Мариупол со денови ги преживува нападите од руските сили. Падот на овој украински град, според бројни анализи, би значел голем напредок за Русите, кои на тој начин би го поврзале Крим со териториите кои ги држат руските сепаратисти.