26. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Суперхрана – Пробајте домашен сируп од глуварче: Евтин, лесен и вкусен

Глуварчињата се во сезона. Најдете ливада далеку од сообраќаен хаос и загадување, берете ги нивните цветови и стебла и подгответе домашен препарат против кашлица и многу други болести

Глуварчето е исклучително здраво диво растение од фамилијата asteraceae, кое е богато со витамини А и Ц, како и со калциум, калиум и натриум. Тоа е многу лековито растение кое ги стимулира бубрезите, црниот дроб и дигестивниот систем, го намалува холестеролот, ја зајакнува крвта и помага при алергии.

Расте на ливади со умерена и студена клима, а може да се користи од корења до цветови. Неговиот корен најчесто се користи за правење чај за помош при дигестивни проблеми, а неговото пиење се препорачува и за луѓето кои боледуваат од дијабетес.

Стебленцата на глуварчето се сметаат за прочистувач на организмот кои ја регулираат работата на метаболизмот, ја прочистуваат крвта и желудникот. Најпознати се по тоа што помагаат да се реши проблемот со вирусните брадавици. „Млекото“ од средината на стеблото треба да се нанесе на брадавицата додека не се исуши и не падне.

Раните пролетни листови од глуварче (дива цикорија) се користат за подготовка на салати и чорби, а се препорачуваат во исхраната на бремени жени, доилки и жени во менопауза. Јадливи се и цветовите од глуварче, кои најдобро се берат напладне кога се најотворени.

Цветовите на глуварчето најчесто се користат за правење сируп или „мед“, кој може да се додаде во разни десерти или да се пие самостојно како лек или пред се како сируп против кашлица кај децата.

Состојки за сируп од глуварче:

200 грама цветови од глуварче заедно со стеблото
2 лимони
1,5 литри топла вода
1 кг шеќер

Подготовка на сируп од глуварче:

1. Стеблата и цветовите на глуварчето исечкајте ги и прелијте ги со топла вода.

2. Додадете исечен лимон или исцеден сок од лимон и сè заедно варете на тивок оган околу половина час.

3. Процедете ја течноста, додадете уште шеќер и варете уште 15 минути.

4. Истурете го врелиот сируп во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли и внимателно затворете. Чувајте го на темно и ладно место до следната сезона на глуварчињата.

Можеби ќе ве интересира

Ги намалува шеќерот и холестеролот: Ова растение се нарекува златно, а неговиот корен е чудотворен лек

M T

Помага при надуеност, но тоа не е се: Еве зошто е добро да пиете чај од глуварче

M T