23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, Мицкоски молчи за аздисувањето со народните пари

ВМРО-ДПМНЕ е пример на расипничко и криминално трошење на народните пари, со милијарди потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби, кристални лустери, вртелешки и низа други непродуктивни работи, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.

„Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а во реалноста неговите градоначалници, во време на криза крчмат општински буџети на партиски вработувања и аздисување. Ако толку се грижи за граѓаните Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите од општинските буџети кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните. Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода“, додаваат во писмената реакција од СДСМ.

Бараат Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети, за како што велат, партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра за чоколади и бонбони во општинскиот буџет.

„Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства. Наместо да молчи, Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните“, реагираат од партијата на власт.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T