Цената на нафтата денеска повторно паѓа.
Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад на цените во однос на вчера кога изнесуваше 102 долари. Во исто време, барелот на американскиот пазар се тргува за 97 долари и е под таканаречената магична граница од 100 долари.
Цените се стабилни во однос на претходната недела.
Да потсетиме, минатиот петок овие деривати се тргуваа по цена од 110 односно 107 долари, а цената потоа продолжи да паѓа на ниво од околу 100 долари за барел на европскиот пазар. На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари.
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на Биткоин утрово изнесува 40.000 долари, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден.
Во пораст се и другите криптовалути.