23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Ѓорѓиевски да ги пренамени 100.000 евра за граѓаните наместо за партиски послушници, бара СДСМ

Изјава за медиуми на СДСМ, Бојан Петрески од СДСМ:

Градоначалникот на општина Кисела Вода годинава ќе потроши 100.000 евра на авторски договори на свои блиски луѓе, на партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на криза, кога општината вели дека нема пари да плаќа струја и парно, градоначалникот ќе потроши огромни средства за вдомување на свои блиски луѓе.

100.000 евра за општинскиот буџет се сериозна сумa со која може да им се помогне на граѓаните, можат да се реализираат неколку важни проекти за општината.

Наместо да наградува роднини, сопартијци и пријатели, Ѓорѓиевски овие пари да ги пренамени за помош на граѓаните.

Граѓаните, општината не заслужуваат вакво недомаќинско и расипничко трошење на парите од страна на градоначалникот.

Очигледно ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, и денес тоа е истата режимска партија која 11 години криминално владееше а ништо не работеше.