Овие факти за сексот сигурно не сте ги знаеле.
За време на оргазам, луѓето се помалку чувствителни на болка бидејќи центарот за оргазам и центарот за болка се наоѓаат во истиот дел од мозокот. Еве уште неколку интересни факти за сексот:
– Според некои истражувања, машкиот и женскиот оргазам можат да бидат подеднакво моќни. Сепак, машкиот оргазам трае во просек 4 секунди, а женскиот 15.
– Од друга страна, мажите можат побрзо да доживеат оргазам од жените. Ним им требаат во просек од една до десет минути, а на жените дваесет минути.
– Некои луѓе можат да доживеат оргазми додека спијат – овие оргазми не се последица на физичка, туку психолошка стимулација.
– Самиот оргазам согорува само три калории, но патот до него многу повеќе.
– Луѓето со нулта крвна група важат за најдобри љубовници во светот. Тие едноставно уживаат во сексот, а способни се полека да водат љубов со часови.
– Утринскиот секс е одлична идеја поради една причина. Доколку доживеете утрински оргазам ќе ви се подобри денот, но и расположението бидејќи ќе зрачите со позитивна енергија.
– На натпреварот во Данска е забележан и рекорд на женска ејакулација – прелетало дури 3,13 метри.
– Кај машката ејакулација спермата се движи со брзина од околу пет метри во секунда. Хорст Шулц го собори рекордот во далечина постигната од неговата сперма – неверојатни 5,48 метри.
– Некои жени ејакулираат за време на оргазам. Ова е всушност млечна течност која доаѓа од матката.
– Клиторисот има дури 8.000 нервни завршетоци, двојно повеќе од пенисот.
– Во Јужна и Северна Кореја живеат мажи со најмала големина на половиот орган – не достигнуваат ни 10 см (поточно 9,66 см).