Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, одлуката трае 30 дена

Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата и од утре ќе изнесува 1,50 евра за литар безоловен бензин од 95 октани и 1,54 евра за литар дизел.

Мерката ќе важи 30 дена, јавуваат словенечките медиуми.

Министерот за економија Здравко Почивалшек пред новинарите изјави дека Владата одлучила да ја смири состојбата во областа на моторните горива, па затоа ја одредила највисоката малопродажна цена за доброто на граѓаните и стопанството.

Тој изјави дека во моментов нема потреба од ослободување на резервите на нафтени деривати.

Почивалшек истакна дека во Словенија има доволно количество гориво, така што нема страв од недостиг.

Можеби ќе ве интересира

Нови цени на горивата

ДЕСК

Успешно прво полугодие за НЛБ Банка: Силен раст, одговорно и одржливо работење

ДЕСК

УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

C +