12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАБИЗНИС

Гужви пред бензинските во Хрватска – од утре значително поскапување на горивата?

Горивата на бензинските пумпи во Хрватска утре повторно поскапуваат.

Порталот Cijenegoriva.info објави неофицијални цени.

– Резервоар од 50 литри бензин може да поскапи за 5,40 евра, просечниот резервоар за дизел може да поскапи за 9,24 евра, просечниот резервоар за ТНГ може да поскапи за 1,18 евра – објави порталот.

На тој начин бензините би можеле да поскапат за околу 0,10 евра по литар. Дизелот би можел да поскапи и за 0,18 евра за литар.

На бензинските пумпи ширум државата вечерва има гужви.

Во моментов еуросупер 95 во Хрватска се точи за 1,61 евра односно 99 денари, додека дизелот за 1.67 евра, односно 102,7 денари, а цените од утре ќе одат нагоре и тоа дизелот за уште 11 денари, бензинот за 6.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

C +

Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

C +
error: Соддржината е заштитена.