– Со Отворен Балкан, сериозно се скратени постапките околу фитосанитарните, ветеринарните и останатите безбедносни проверки на квалитетот на храна и земјоделски производи, службите работат 24 часа, 7 дена во неделата, а било какви предизвици во спроведување на новиот модел на “крената рампа” брзо се решаваат преку заедничка силно изразена волја и соработка меѓу трите држави, рече Марјан Забрчанец, координатор за Отворен Балкан за Новатв.мк.
– Компаниите и превозниците се информирани за бенефитите и олеснувањата и самите проактивно се повикуваат на Отворен Балкан и бараат брз проток на границите.
Намерата е транспортните возила и пратките од Отворен Балкан секогаш да имаат приоритет, а наскоро на граничните премини ќе видиме табли со визуелни ознаки на посебните зелена ленти за камионите од Отворен Балкан, преку кои брзо, без застој и без чекање ќе ги проаѓаат границите, рече Забрчанец.