23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Финансиската поддршка на владата е значајна за граѓаните, Мицкоски не може да се помири со тоа

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски:

Христијан Мицкоски треба да го преиспита своето однесување во однос на навредите кон народот, не му се граѓаните криви за неговите погрешни политики во време на најголема економската криза.

Народот не е фрустриран како што вели Мицкоски, граѓаните со право очекуваат помош во справувањето со последиците од кризите, а последниот пакет антикризни мерки вреден 400 милиони евра е токму тоа.

Финансиската поддршка на владата е значајна за граѓаните. Пакетот антикризни мерки го штити стандардот на граѓаните и им помага на компаниите.

Во време на криза, повеќе пари се насочуваат кон семејните буџети и сериозно им се помага на компаниите да ги задржат вработените и да продолжат со работа.

Од Мицкоски граѓаните ниту видоа ниту ќе видат конструктивност, тој како и за време на пандемијата со коронавирусот не прави ништо освен што неосновано напаѓа и ја плаши јавноста со црни сцеранија. Толку од дражвничкиот капацитет на Мицкоски, тој продолжува да дејствува на штета на граѓаните и државата.