9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Собранието ги изгласа антикризните мерки – опозицијата да биде конструктивна, а не да се кочи и блокира, не да се бркаат партиски поени на грбот на граѓаните, во време кога им е најпотребна помош

Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Државата е заедно со граѓаните, секој ден, за сите нивни потреби. Тоа е особено важно во услови на глобална економска и воена криза.

📌 Со сет од 26 антикризни мерки вредни 4️⃣0️⃣0️⃣ милиони евра 💶 го штитиме стандардот на граѓаните и економијата.

Мнозинството пратеници во Собранието синоќа во особено брз рок ги изгласаа владините антикризни мерки за ублажување на ценовниот шок, предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Во услови на ваква економска криза Владата и Собранието покажаа на дело будност и посветеност на заштитата и поддршката на граѓаните.

Опозицијата нека ги следи овие чекори внимателно и следниот пат нека се одважи и нека застане со нас заедно во заштита на граѓаните. Ова се ситуации да се покаже единство и конструктивност, а не да се кочи и блокира, не да се бркаат партиски поени на грбот на граѓаните, во време кога им е најпотребна помош.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК