12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Државата е заедно со граѓаните, секој ден, за сите нивни потреби

Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Државата е заедно со граѓаните, секој ден, за сите нивни потреби. Тоа е особено важно во услови на глобална економска и воена криза.

📌 Со сет од 26 антикризни мерки вредни 4️⃣0️⃣0️⃣ милиони евра 💶 го штитиме стандардот на граѓаните и економијата.

Мнозинството пратеници во Собранието синоќа во особено брз рок ги изгласаа владините антикризни мерки за ублажување на ценовниот шок, предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Во услови на ваква економска криза Владата и Собранието покажаа на дело будност и посветеност на заштитата и поддршката на граѓаните.

Опозицијата нека ги следи овие чекори внимателно и следниот пат нека се одважи и нека застане со нас заедно во заштита на граѓаните. Ова се ситуации да се покаже единство и конструктивност, а не да се кочи и блокира, не да се бркаат партиски поени на грбот на граѓаните, во време кога им е најпотребна помош.