Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Ги повикувам сите пратеници да ги усвојат измените на Законите за ДДВ и за акцизи веднаш!

Ги повикувам сите пратеници да ги усвојат измените на Законите за ДДВ и за акцизи веднаш, ова е сега најголемиот приоритет. Мора сите заедно, да дадеме максимум и да обезбедиме брза и итна имплементација на сите мерки кои ќе значат заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите, соопшти премиерот Димитар Ковачевски предмалку на социјалните мрежи.

– Измените на Законот за ДДВ и Законот за акцизи се денес е на дневен ред во Собранието. Нивното усвојување ќе овозможи да се реализираат дел од планираните мерки од пакетот со 26 мерки кој го донесовме неделава со кои пред сѐ ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

ДЕСК

Ужас и невиден скандал во студентскиот Гоце Делчев: Снимана и сликана девојка додека се туширала со мобилен телефон

ДЕСК

20,08 отсто излезност до 13 часот – Најголема излезност во Чашка

ДЕСК