Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени крадци, расчистени четири тешки кражби

Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, расчистени се четири кривични дела „тешка кражба “, од кои три во обид, на катализатори од системот за издувни гасови од патнички моторни возила на подрачјето на Штип, за кои постојот основи на сомнение дека се извршени од страна на три групи, од кои едната составена од Т.И.(22) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(21) и Т.Н.(23) двајцата од с.Ињево, радовишко, втората од И.К.(24), Е.А.(28) и А.Р.(26) тројцата од Велес и третата група од В.И.(28) од с.Лакавица, штипско и А.С.(28) од с.Јакимово, делчевско. Во СВР Штип извршен е службен разговор со сите осомничени лица и тие го појасниле времето, местото, начинот и околностите на вршењето на кривичните дела. Од страна на полициски службеници пронајдени и одземени се алатите со кои биле извршени кривичните дела. По комплетирање на случаите, против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Серија сомненија за кривични дела поврзани со изборите во Македонија

ДЕСК

До 18 часот и 30 минути, 46,65% од граѓаните гласале на изборите

ДЕСК

Сиљановска-Давкова гласаше на првиот круг од локалните избори 2025 година

ДЕСК