9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Лисиче, пронајдени украдени предмети, приведен крадец

Денеска (10.03.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба при Секторот за внатрешни работи Скопје лишен е од слобода М.Б.(33) од Скопје. При претрес на неговиот дом на подрачјето на Лисиче, извршен по добиена наредба од Кривичен суд Скопје, пронајдени се поголем број на предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба, извршена во периодот од 05 до 28.02.2022 во деловен субјект лоциран на подрачјето на Илинден.

Тој е приведен во полициска станица и при извршениот службен разговор го признал делото и појаснил дека украдените производи ги нудел на продажба преку социјалните мрежи. По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК