12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСвест

Битиќи: Целосно сме посветени на диверзификација на изворите на гас – ќе имаме поевтин и постабилен доток

„Уште минатата година донесовме одлука дека треба да направиме диверзификација на изворите на гас. Веќе е потпишан договорот за интер-конекторот со гас за гасоводот од Грција кон Северна Македонија“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во понеделник ќе се потпише договорот за вклучување на нашата држава во проектот за Александропулос и дека во наредните 15 години ќе осигураме 500 милиони метри кубни гас од тој терминал.

„Со гасоводот обезбедуваме да се донесат и 3,3 милиони нормални метри кубни гас од Александропулос, но и дополнителни 2,8 милиони нормални метри кубни од Азербејаџн или од други извори“ рече Битиќи.

Како што кажа вицепремиерот со тоа ќе се обезбеди доволно гас, но и ќе се диверзифицираат изворите.

„Тоа ќе значи дека ќе имаме поевтин, постабилен и независен доток на гас, без разлика на геостратешките случувања“ заклучи Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

C +

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +

Трамп ја повикува ЕУ да изврши притисок врз Путин со 100 проценти царини врз Кина и Индија

C +