Фејсбук статус на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска:
Би сакала да ги демантирам дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите.
📌Намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
📌Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова.
📌МТСП нема надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирањето, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери.
📌Пензиите се покачени како што беше објавено од буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од било каде во буџетот на државата. Ова е резултат на доброто управување со фондот во изминатите години.