Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Во време на криза работиме на ублажување на шоковите

„После Втората светска војна ова е најнеизвесниот период, кој ќе биде тежок. Нема простор за комоција, туку треба да се размислува како да опстанеме и опстоиме со сите ресурси. Како да креираме политики за ублажување на сите шокови“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека кризите кои го зафаќаат целиот свет, нема да ја исклучат Северна Македонија, но истакна дека верува во економскиот совет кој и во време на коронакризата донесе соодветни мерки со кои се помогна на граѓаните и компаниите.

„Сега сме пред нов тест како држава. Ова е една од економски најнеизвесните години, а тука сме сите заедно да работиме за да ја зачуваме економијата. Во Владата во најширок формат, постојано ќе се разговара и ќе се креираат мерки“ рече Николовски.

Министерот повтори дека Северна Македонија има најниски цени на нафтени деривати во целиот регион, но кажа дека следува тежок период во која Владата со сите напори ќе се обиде да креира мерки за ублажување на шоковите за граѓаните и домаќинствата.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК

Николоски на терен: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот, го скративме времето за патување кон Пелагонија

ДЕСК