„Ние имаме непречено снабдување со нафта и нафтени деривати. Тоа се одвива доминантно преку Грција. Упатувам апел граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации и паника бидејќи има доволно нафта и нафтени деривати“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека бензиските пумпи не смеат да ги ограничуваат количините, иако дел од нив вчера тоа го направиле за да ги сочуваат веќе набавените количини од шпекулативни причини.
„Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи веќе излегоа на терен за да ја увидат ситуацијата и да ги заштитат интересите на граѓаните. Упатувам апел да не се крева паника, бидејќи тоа е најлошто нешто што може да се случува во ваква ситуација“ рече Ковачевски.
Премиерот исто така додаде дека е зачуден што пратеници од опозицијата, кои цела своја кариера добивале плата од даночните обврзници, шират шпекулации и невистини кои одат на шетата на граѓаните.