13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИС

„Виза“ и „Мастеркард“ ги блокираа руските финансиски институции

„Виза“ и „Мастеркард“ блокираа неколку руски финансиски институции од својата мрежа по санкциите воведени поради руската инвазија на Украина.

„Виза“ соопшти дека презема брзи активности за да се осигури дека санкциите се почитуваат додавајќи дека ќе донира 2 милиона долари за хуманитарна помош.

„Мастеркард“ исто така најави дека ќе даде придонес од 2 милиона американски долари.

„Ќе продолжиме да работиме со регулаторите во наредните денови за целосно да се усогласиме со нашите регулаторни обврски додека тие се развиваат“, велат од „Мастеркард“.

Можеби ќе ве интересира

Мерц: Прво прекин на огнот во Украина, потоа долгорочен мировен договор

C +

Макрон: Трамп се согласи дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата

C +

Шефот на НАТО: Топката сега е во дворот на Путин

C +