18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петровска- Аксинте: Силна осуда на рускиот напад врз Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска остварила средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. Како што напиша на нејзиниот фејсбук профил Петровска, изразиле силна осуда на рускиот напад врз Украина и се согласиле дека единството на сојузниците во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на земјите членки.

– Благодарност до амбасадорката за честитките за втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО која ќе се заокружи овој месец, но и за поддршката од пријателска Романија за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, објави на фејсбук министерката Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК