Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Портали на опозицијата во обид да ја понижат армијата, ги извртуваат изјавите на Петровска: Не реков дека ако НАТО побара, ќе пратиме војници во Украина, туку на источната граница на Алијансата

„Најостро ги демантирам насловите на дел од порталите кои објавуваат невистини поврзани со моето излагање на 24 вести. Јас одговорив на прашањето дали Северна Македонија ќе испрати војници во рамките на НАТО плановите за одбрана и одвраќање“, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук, откако беше пренесено дека таа за ТВ24 изјавила оти „доколку НАТО побара, ќе испратиме македонски војници во Украина“.

„Одговорот беше во насока на тоа дека ако биде побарано од нас, ќе испратиме воени сили во земјите членки на НАТО на источната граница на Алијансата. Но таква одлука не е донесена“, пишува Петровска.

Таа упати апел во оваа ситуација на воен конфликт во Украина, изјавите поврзани со состојбата во Украина „да се пренесуваат со точност, со цел да не се предизвика дополнително вознемирување на јавноста“.

Ова не е прв пат порталите на опозицијата да ги спинуваат насловите со лажни и непостоечки изјави со цел да ја понижат Македонската Армија со цел да издејствуваат дузина коментари од сеирџиите на твитер и фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +