Доколку ве интересираат трендовите во здравата исхрана и уживате во подготовката на храна богата со хранливи материи, а важно е таа да содржи многу минерали и витамини, проверете која храна добила статус на „суперхрана“ во 2022 година.
Стручен магазин неодамна спроведе студија во соработка со 1.173 сертифицирани диететичари и нутриционисти за овогодинешните трендови во исхраната, а овие експерти објавија листа на 10 најздрави намирници во 2022 година, фокусирајќи се на храна од растителна основа со широк спектар на нутритивни придобивки.
„Со растечката популарност на диетите базирани на растенија и фокусот на здравјето и имунитетот, алтернативите богати со хранливи материи ќе бидат клучен елемент во исхраната на потрошувачите кои сè повеќе ја гледаат храната како лек за избегнување болести“, рече Луиз Полок, една од авторите на студијата.
1. Ферментирана храна
Ферментираната храна како јогурт и кимчи (корејска лута зелка) се на врвот на листата, благодарение на нивните својства за зајакнување на имунитетот и зајакнување на цревата. Исхраната богата со ферментирана храна ја зголемува разновидноста на цревниот микробиом и ги подобрува имунолошките одговори, велат истражувачите од Медицинскиот факултет Стенфорд.
2. Боровинки
Ова овошје е мало, но има многу придобивки! Тие се богати со антиоксиданси, кои помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали и можат да го намалат ризикот од рак, срцеви и други болести. Антиоксидансите се исто така неопходни за поцврста коса, нокти и сјајна кожа.
3. Егзотични плодови
Стандардните овошја како јаболка и портокали се секогаш добредојдени, но 2022 година ќе биде година на егзотични овошја како што се асаи бобинки и перуански јагоди. Асаи бобинките имаат висока содржина на антиоксиданси, кои помагаат во намалување на холестеролот и го штитат мозокот од оштетување предизвикано од стареењето.
4. Семиња
Семиња како чиа семиња или семе од коноп се храна со голема хранлива моќ. Чиа семето е полно со антиоксиданси, минерали, влакна и омега-3 масни киселини, како и со калциум, фосфор и магнезиум.
5. Зелен чај
Овој пијалок Јапонците го консумираат илјадници години и тоа со добра причина! Истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антивоспалителни својства и својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но и согоруваат масти и го забрзуваат метаболизмот.
6. Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се одличен извор на протеини и влакна. Ф’стаците, на пример, имаат висока содржина на антиоксиданси, а некои студии покажаа дека тие можат да го подобрат видот и да имаат превентивен ефект врз срцевите заболувања.
7. Лиснат зеленчук
Лиснат, зелен зеленчук како зелка и спанаќ дефинитивно заслужуваат место во вашата исхрана! Тие содржат многу протеини и флавоноиди, кои помагаат во заштитата од оштетување од слободните радикали и разни воспалителни процеси. Спанаќот е богат и со витамини А и Ц, а научно е докажано дека помага во намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
8. Кељ
Кељот, кој исто така припаѓа на зелениот, лиснат зеленчук, заслужи свое место на листата поради бројните хранливи придобивки. Кељот, како и спанаќот, е богат со протеини и флавоноиди, а богат е и со витамини А, К и Ц и е добар извор на влакна.
9. Антички житарици
Овој термин се однесува на сите оние житарки кои не се променети со илјадници години како што се киноа, амарант, тефа, фаро житарки… Киноата е секако најпопуларната житарка од овој тип и има висока содржина на влакна, витамини Б6 и Ц, и ги содржи сите девет есенцијални амино киселини!
10. Авокадо
Авокадото е богато со антиоксиданси, но и со други хранливи материи кои помагаат со холестеролот. нега на кожата, здравје на очите, густина на коските и содржи масти здрави за срцето!