8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

219 сообраќајни прекршоци во Скопје, 59 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 70 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

ДЕСК

Жената го прободе сопругот, а тој претходно ја фатил за врат – драматична ноќ во Македонија

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млад скопјанец со автомобил удрил во бетонска жардињера, со болничка е пренесен во градска

ДЕСК