Објавувањето на скандалот со незаконското постапување на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, повикува на институционална реакција и одговорност. Бараме од сите надлежни институции, вклучително и ДКСК, но и Јавното обвинителство да покренат соодветни законски процедури за да утврдат одговорност за овој случај, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
Каевски изјави дека В.д директор на Јавно претпријатие, Добри Петров, по налог на градоначалникот, незаконски бил назначен за ревизор. Иако не ги исполнувал условите, немал положен ревизорски испит, немал ниту лиценца ниту сертификат.
Каевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем дел од општините во земјава. Јавноста гледа дека не работат ништо, посветени се само на вдомување партиски војници.
Со општините владеат како шерифи, без почитување на законите, како тоа што го правеа и во време на режимот.
Од СДСМ очекуваат од институциите расчистување на овој случај во целост и соодветна одговорност од сите инволвирани.