26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во услови на безбедносна криза гледаме колку е важно членството во НАТО

Од владејачката партија оценуваат дека воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена.

„Ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата. Со нашето членство во НАТО, успеавме да ја исполниме нашата стратешка цел, обезбедивме сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет. Нашите граѓани да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот“, велат од СДСМ.

Дополнуваат дека во услови на дополнително продлабочување на енергетска криза, од исклучителна важност е што новата Влада предводена од СДСМ исправно се постави.

Сите ресурси, посочуваат од СДСМ, се насочени кон соочување со последиците од енергетската криза и презедовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

„Будно ги следиме светските економски текови и делуваме во насока на заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните“, посочуваат од партијата на власт.