5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Сите институции во државата максимално одговорно да ги трошат средствата

Во обраќање до нацијата премиерот Димитар Ковачевски утрово упати порака дека сите институции во државата мора максимално одговорно да управуваат со финансиите, односно одговорно да ги трошат средствата заради амортизирање на негативните последици од продлабочивање на енергетската криза поради конфликтот во Украина.

-Сите институции во државата од Владата па надолу, максимално одговорно да ги трошат средствата и максимално ефикасно да работат со цел амортизирање на негативни последици од кризата. Сега е време за одговорност без отстапка. Време е да докажеме дека можеме заеднички да делуваме за доброто на граѓаните, вели Ковачевски во обраќањето.

Премиерот додадва дека оваа криза е уште еден голем предизвик за сите но уверува дека државата, владата и надлежните институиции посветено работата за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните.

-Оваа криза е голем предизвик, но ве уверувам дека можеме и ќе ја поминеме со заеднички напори. Сакам да потенцирам дека Владата посветено ќе работи на заштита на економијата, на вашиот животен стандард, а секој денар од буџетот ќе биде насочен полесно да го пребродиме овој бурен период од нашата заедничка историја, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното обарќање.