10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нервозната Арсовска навредуваше и замолчуваше архитекти откако тие ги разобличија сите нејзините лаги, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Нервозната Арсовска навредуваше и замолчуваше архитекти откако тие ги разобличија сите нејзините лаги

Освен неработа и неспособност градоначалничката на Скопје Данела Арсовска демонстрира дрско и безобразно однесување.

Денеска нервозната Арсовска на јавен настан навредуваше архитекти, се расправаше со нив и се обидуваше да ги замолчи да ја кажат вистината за Универзална сала.

Однесувањето на Арсовска потсети на режимските времиња кога стручната јавност, новинарите и граѓаните се замолчуваа и им беше забранувано да зборуваат.

Денеска пред целата јавност пропаднаа обидите на Арсовска преку лаги да ги плаши граѓаните на Скопје дека Универзална сала е небезбеден проекти.

Архитектите, стручната јавност потврди дека проектот за реконструкција на Универзална сала е безбеден, направен по сите стандарди.

Освен што го партизира градот, прекинува проекти, Арсовска нема реализирано ниту еден проект кој е во интерес на граѓаните и на Град Скопје. Неколку месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешен градоначалник на Градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +