22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Бислимоски: Рестрикции нема да има, но неопходно е рационално трошење на струјата

Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола – ова е заклучокот од одржаниот координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.

„Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење. Во овие кризни месеци преку заеднички редовни координации ги преземавме сите неопходни мерки, меѓу кои се реализраше и инцијативата на РКЕ за проширување на листата на ранливи категории кои добиваат директна финансиска поддршка. Овие ранливи потрошувачи на енергија во сметките им е пресметан паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси. На состанокот разговаравме и за идни системски мерки кои би се презеле со цел стабилизирање на енергетскиот сектор. Започнавме и разговори во насока на промена на тарифниот систем, што ќе се базира врз претходно изготвени детални анализи. Целта е да има фер цена на електричната енергија која ги одразува реалните трошоци за секој вид на потрошувач и која ќе спречи злоупотреба на пазарот на електрична енергија“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Како што кажа тој, дел од анализите укажуваат дека 1% од домаќинствата трошат 20% од расположливата електрична енергија која ЕСМ ја произведува по цена која е неколкукратно пониска од берзанската цена.

„Ова упатува дека овие домаќинствата загреваат поголеми површини од останатите, по цена која е субвенционирана од државата“, посочи Бислимоски.

Додаде дека дополнително се разгледувале механизми како да им се помогне на потрошувачите кои ја набавуваат електричната енергија на слободниот пазар.

„Една од мерките што беше преземена од РКЕ е ослободување на домаќинствата од обврската да ја плаќаат електричната енергија од повластените производители, чија цена е двојно повисока од онаа на ЕСМ. Овие ослободени количини на електрична енергија од повластените производители по цена која е пониска од берзанската, се ставени на располагање на снабдувачите кои ја испорачуваат кон стопанството, општините, јавните претпријатија и сите потрошувачи кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар. Со имплементација на оваа мерка се заштедија околу 35 милиони евра на сите учесници на слободниот пазар“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

M T