23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дали Левица, коалицискиот парнтер на Мицкоски, ја поддржува руската агресија?

Соопштение на СДСМ:

Додека македонското општество, сите политички субјекти ја осудуваат руската агресија врз Украина, раководството на политичката партија Левица навива за што повеќе жртви во воената агресија.

Пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов и други членови на раководството на партијата со објави на социјалните мрежи го слават военото насилство во Украина.

Дали партијата Левица коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува руската агресија врз Украина?

Ваквите ставови на Левица се спротивни на државните и националните интереси и меѓународното позиционирање на Република Северна Македонија.

Со ова уште еднаш се потврдува дека партнерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата Левица е антизападна структура која работи на штета на државниот интерес.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина

M T

СДСМ: Левица и Апасиев напаѓаат и дисквалификуваат граѓански организации, прекинуваат важни проекти

M T

Костадин Костадинов: Левица и ВМРО-ДПМНЕ во Собрание блокираат се што е во интерес на граѓаните, не нудат ништо што е во интерес на државата

M T