Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Владата ги следи промените на светските економски текови и е подготвена да ја заштити домашната економија од следни предизвици

Владата предводена од СДСМ внимателно ја следи состојбата во Украина, агресијата врз Украина е закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.“ порача Ковачевски.

Како одговорна партија, преку институциите што ги предводиме ќе сториме се, последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и што послаби.

И во време на глобални безбедносни, економски и здравствени кризи, остануваме посветени на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на домашната економија.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК