Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

197 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 25 мерки за недавање предност на пешаци, 26 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возач почетник, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Скопското Кале мора да се заштити од интервенции што го загрозуваат автентичноста

ДЕСК

Времето утре: Нестабилно време со дожд и грмежи

ДЕСК

Насилна пресметка во Струмица: лице со секира во улична тепачка (ВИДЕО)

ДЕСК