5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Браво за велешката полиција: По упорна претрага пронајден дедо кој залутал

На социјалните мрежи Орхидеја Дукова објави јавна благодарност до велешката полиција затоа што со упорно барање го пронашле нејзиниот 75-годишен татко Л.Д., кој залутал во атар на с. Крајинци, велешко, откако претходно бил на прошетка со негов пријател.

Откако Орхидеја се јавила во полиција во петокот околу 20 часот, била организирана потрага по дедото и на крај, по неколкучасовна потрага, велешката полиција го нашла дедото. Браво за велешката полиција за упорноста и помошта на граѓаните.