Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Бујар Османи повикан во итна посета на Украина

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги повика шефовите на дипломатиите на Шведска Ан Линде, на Полска Збигњев Рау, и на Северна Македонија Бујар Османи, итно да ја посетат Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување на ОБСЕ.

„Ја поканувам тројката на ОБСЕ, Ан Линде, Збигњев Рау и Бујар Османи, да оствари итна посета на Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување, активиран од страна на генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, минатата недела“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.

Инаку, тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска – 2022), претходниот (Шведска – 2021) и идниот (Северна Македонија – 2023).

Можеби ќе ве интересира

Мајка и син пријавени за даночно затајување: Примиле 579.015 евра од Германија

ДЕСК

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК