9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи ќе учествува на 58. Минхенска безбедносна конференција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денес ќе учествува на 58. Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи во Минхен, Германија, од 18 до 20 февруари.

Како што информираат од МНР, за време на Конференцијата, Османи ќе учествува на повеќе панели посветени на транс-атлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми.

Во организација на сојузната министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, министерот Османи ќе учествува на посебен настан заедно со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, а ќе има и свое излагање на настанот „Празнината во срцето на Европа? Враќање кон Западен Балкан“.

Исто така, ќе оствари билатерални средби со неговите колеги и високи претставници на меѓународни организации.

Минхенската безбедносна конференција (MSC) се етаблираше како водечки глобален форум на кој бројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните органи најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.

Во фокусот на ова 58 издание на Минхенската конференција за безбедност, оваа година ќе биде посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК