Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени на суд, Мицкоски да поднесе оставка

По признанието на врхушката на партијата тогаш на чело со бегалецот Никола Груевски дека дејствувале како злосторничко здружение во Титаник, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка, се посочува во писмената реакција од владејачката СДСМ.

„11 години државата ја држеа заробена во изолација со наместени избори, заробени институции, масовно прислушување, урнисан правосуден систем, партизирана полиција и богатење со парите на граѓаните. Покрај признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПНЕ за нивните криминали, судовите докажаа дека злоупотребувале служебана положба, фалсификувале документи, местеле тендери во РЕК, дека преку фирми на нивни партиски послушници се затајувал данок, се уништувале докази од кои дел се однесувале на незаконско прислушување“, е потенцирано во писмениот допис.

Според СДСМ, токму затоа немало пари за повисоки плати и пензии, за повисоки минимални плати за граѓаните.

Мицкоски, додаваат од таму, не може да избега од вистината и одговорноста и веднаш да поднесе оставка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.