На 10.02.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки.
На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.