Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Северна Македонија не е повеќе рангирана како „хибриден режим“

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Според истражувањето на угледниот „Економист“, за индексот на демократија во светот, Северна Македонија е оценета како демократија со недостатоци и не е повеќе рангирана како „хибриден режим“. ✅

Нашиот индекс на демократија е подобрен за пет места што е голем успех во време кога демократијата назадува во светски рамки, според ова глобално истражување.

Зачувување на слободата и унапредување на демократијата се високо на агендата на новата Влада. Тие се основа за целокупен развој и напредок на општеството, економијата и благосостојбата на граѓаните.

Не така одамна бевме сведоци колку е опасно кога демократски назадуваме. Токму заради претходната власт и автократското владеење бевме рангирани како „хибириден режим“. Остануваме посветени на унапредување на правата на граѓаните и медиумите градејќи слободно општество.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК