Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Со ангажманот на мојот тим и ПР секторите во министерствата добивме најтранспарентна влада од независноста

„Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на ПР секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес“ изјави националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за Фокус.

Тој додаде дека е горд на петте години во службата за придонесот кон демократизација на општеството и воведувањето на поинакво управување – склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постпува по критиките.

„Имаме Влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот. Овие титули за македонската влада се стекнати низ повеќегодишен труд и системски напори за инсталирање на транспаренноста длабако во институциите“ кажа Забрчанец.

Тој додаде дека ова се прави преку декласифицирање и објавување на документи и информации од сите активности на институции за кои јавноста пројавува интерес.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски очекува 130.000 гласови за Орце

ДЕСК

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК