Во однос на самите разговори со Бугарија, за основните прашања кои што го засегаат македонскиот народ воопшто не се водат разговори, што значи дека јазикот на државата и идентитетот по сите основи на македонскиот народ воопшто не се предмет на разговори, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју вечерва за Алсат М телевизија.
„Во однос на другите отворени прашања меѓу кои што едното вие го кажувате а тоа е самоопределувањето на граѓаните, во светот постојат различни уставни уредувања, во некои уставни уредувања како што е кај нас иднивидуалните права на самоопределување се остваруваат колективно и така ние покрај македонскиот народ во Уставот имаме и други народи, заедници кои што се застапени, албанската, српската, влашката и тн. Меѓутоа постојат други уставни уредувања кои што индивидуалните права се остваруваат индивидуално на самоопределување и такви уставни уредувања имаат Франција, има Р.Бугарија. Во однос на нашето кога зборуваме за вклучување на други заедници во рамки на Уставот тоа е процес во кој што самите заедници во кој што живеат во оваа држава тоа можат да го побараат, значи тоа не се однесува само на заедницата на Бугарите, се однесува и на Црногорците, и на Хрватите кои што веќе имаат изразено таква желба. Тоа може да се отвори како прашање и потоа низ дебата и низ нормачно 2/3 мнозинство во парламентот треба да се дојде до такво решение, меѓутоа тоа е барање што треба да произлезе од граѓаните кои што живеат во оваа држава.“ рече Ковачевски.