„Решението со Бугарија треба да се базира на европските вредсноти, да се базира на почитување на граѓаните на двете држави и на задржување на достоинството на граѓаните во двете држави“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „200“ на АлсатМ.
Тој додаде дека тоа се основите принципи на решение кое треба да биде одржливо и кое ќе претставува основа за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија, но и основа за градење и унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.
„Кога министерствата за надворешни работи ќе постигнат решение, тогаш тоа решение ќе биде споделено со институциите во двете држави и со сите оние што ќе треба да носат одлуки низ процесот пропишан во законите и Уставот“ кажа Ковачевски.
Тој додаде дека има прашања за кои се разговара, но и прашања за кои не се разговара, како што се македонскиот јазик и македонскиот идентитет.