Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Неодговорно е тоа што опозицијата ја одби поканата за учество во работните групи со Бугарија

„Опозицијата преку парламентарната расправа треба да даде поддршка на процесот на разговори со Бугарија. Ние испративме и покана до опозицијата да учествува во работните групи, но тие го одбија тоа“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „200“ на АлсатМ.

Тој додаде дека можност за вклученост опозицијата ќе има и преку работата на парламентарните групи за соработка меѓу Собранието на Северна Македонија и Бугарија, каде што ќе учествуваат пратениците.

„Јас се надевам дека сите ќе се убедиме во потребата, како општество и претставници на политички партии, за постигнување на решение со Бугарија. Решение кое ќе го отвори патот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ“ кажа ковачевски.

Тој ја повика опозицијата да покаже визија во однос на интеграциите на земјата, наместо да праваат опструкции.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК