26. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Андреј Петров: Примерот со повлекувањето на Заев е идентичен со оној на Маргарет Тачер

„Слична ситуација со демократскиот чин на повлекување на премиерот Зоран Заев имаше и во Британија кога Маргарет Тачер се повлече како премиер. Изборите беа после две и пол години и нејзината Конзервативна партија имаше пославб рејтинг од Лабуристичката партија“ кажа членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека за две и пол години работа на нејзиниот наследник, Џон Мејџор, Конзервативната партија ја оствари најголемата победа во историјата на Британија.

„Повлекувањето на Зоран Заев е демократски чин што ќе биде предност за СДСМ. Тезата дека ништо не се сменило е неточна“ кажа Петров.

Тој додаде дека демократијата не функционира со детски тези дека немало таков пример и дека премиерот избран од мнозинството во Собранието нема легитимитет, само поради тоа што партијата загубила на локалните избори.

Можеби ќе ве интересира

Собрани над 400 кеси отпад со реализација на проектот „Преку заедништво до почиста природа” – дел од dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”

C +

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

C +

Филипче: Ниту еден сектор не напредува, погрешните политики на власта ги плаќаат граѓаните

C +