Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.
Во вторник ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Прогноза за 08.02.2022
Минимална температура: -3°C до 4°C Максимална температура: 0°C до 8°C
Прогноза за 09.02.2022
Минимална температура: -8°C до 3°C Максимална температура: 5°C до 12°C
Прогноза за 10.02.2022
Минимална температура: -5°C до 3°C Максимална температура: 9°C до 15°C