28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Лазаров: Пари имаме, за една година очекувам големи проекти со Бугарија

„За една година очекувам конкретни договори за сите проекти со конкретни рокови. Да се знаат фирмите. Пари има, а има и како да се најдат начини за брза изградба на инфраструктурните проекти“ кажа претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во вестите на Сител.

Тој додаде дека по примерот на специјалниот закон, со кој Собранието потпишува договори со фирма за изградба на автопати, треба да се пристапи и за инфраструктурното поврзување со Бугарија за што поскоро да се заврши работата.

„Да го завршиме нашиот дел, а потоа и тие ќе го завршат нивниот. Притисокот ќе биде на нивна страна. Сепак, тие имаат полесен пристап до фондови“ кажа Лазаров.

Тој додаде дека за железничкото поврзување Северна Македонија веќе има обезбедно грант, како и поволен кредит од Европската банка за обнова и развој.