Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за гостиварец фатен со 59 грама марихуана

Гостиварското Основно јавно обвинителство поведе истрага против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од Обвинителството, во текот на јануари осомничениот набавил одредено количество марихуана и ја препакувал во помали пакувања со намера да ја препродаде.

При претрес во неговиот дом на 29 јануари полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.

Јавен обвинител до судија од Основниот суд во Гостивар поднел предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.​​

Можеби ќе ве интересира

Неочекувано топли денови ни доаѓаат — еве што нè чека до 15 декември

ДЕСК

Утре сончево време со температура до 15 степени

C +

СДСМ ОБЈАВИ: Британската телевизија GBN го потврдува договорот за мигранти: Ќе ве стационираме во Македонија!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.