Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Средба на Костадиновска-Стојчевска со Кристијан, синот на легендарниот Аки Рахимовски

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатата музичка легенда Аки Рахимовски, во Крушево оддадоа почит и евоцираа спомени за уште едно големо име на македонската поп-музика, Тоше Проески.

„Тоше и Аки беа пријатели и вистински амбасадори на македонската култура. Наша должност е нивното дело да го чуваме и да го афирмираме како што тие несебично ја промовираа македонската култура на секој свој јавен настап“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Кристијан, и самиот музичар, ја запозна министерката Костадиновска-Стојчевска со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот татко. Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели. Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК