Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Елинската Република , Н.Е. Русос Кундурос

На 31.01.2022 година во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Елинската Република , Н.Е. Русос Кундурос.

На средбата акцентот беше ставен на добрососедските односи помеѓу двете држави и за можностите за продлабочување на долгогодишната соработката во областите од заеднички интерес. Борбата против криминалот, меѓуграничната соработка и сузбивањето на други видови криминал се дел од областите за кои постои интерес за проширување на соработката, што секако ќе придонесе за уште поголемо интензивирање на односите меѓу двете соседни земји.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК